Снимка од свадбата на Косово на која со службен автомобил и обезбедување присуствуваше претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши е објавена на социјалните мрежи.
ТВ Клан објави видео од свадбата на кое се слуша како музичарите со почести го покануваат Гаши да го поведе орото.
Опозицијата во земјава деновиве го критикуваше Гаши поради тоа што со службено возило отишол на свадба во Косово.
За владеајчкото мнозинство носител на позиција каква што има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба.