Минималната кошница стаса до 61.199 денари, за 629 денари повеќе отколку во минатиот месец

Минималната синдикална кошница во август изнесува 61.199 денари. Како што соопшти Сојузот на синдикати на Македонија, минималните месечни трошоци на едно семејство во август се зголемени за 629 денари во споредба со минатиот месец.

Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.

– Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани, велат од ССМ.

Претходна вестДвајца уапсени за убиството кај „Мавровка“
Следна вестТемелно ќе се реконструира Музејот на Македонија