Мотоциклист тешко повреден по судир со патничко возило во Чаир

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила синоќа на подрачјето на скопската општина Чаир, информира полицијата.

МВР соопшти дека синоќа во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а 4“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.Х.(47) од Сојузна Република Германија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б.(23) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се наведува во информацијата

Претходна вестТемелно ќе се реконструира Музејот на Македонија
Следна вест„Вреди“: Гневот за изборниот резултат СДСМ го насочува на погрешна адреса