Девет лекови, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од позитивната листа, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови.
– Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција, посочи Таравари.
Министерот посочи дека во процесот биле ангажирани експерти кои работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање на лекови на позитивна листа.
– Ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа, потенцира Таравари.