19-годишно момче е тешко повредено на патот Берово – Струмица

Младо момче е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера на патот Берово – Струмица, информира полицијата.

МВР соопшти дека незгодата се случила на место викано „Џердови воденици“.

-Патничко возило „фиат добло“ со беровски регистарски ознаки, управувано од П.В.(19) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Берово, информираа од полицијата во дневниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

Претходна вестЈаревски: Дали Ахмети лично стои зад бегството на Рамадани поради приватен бизнис интерес на ДУИ?
Следна вестЈСП „Скопје“ предупредува: На социјалните мрежи се прави измама со електронската картичка „Скопска“