Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди Кина

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди автономната област Ксинџијанг во северозападна Кина, а засега нема информации за жртви, соопштија локалните власти.

Земјотрес утринава го погоди градот Кука во префектурата Аксу во Ксинџијанг и се случи на длабочина од 15 километри, покажуваат податоците на Центарот за земјотреси во Кина, пренесува Ксинхуа.

На 50 километри од епицентарот на земјотресот нема населени места или села, а според локалните власти не е забележана материјална штета.

Претходна вестФрчкоски поднесе оставка од местото амбасадор и постојан претставник во ОН
Следна вестЧетири противпожарни интервенции на отворено, безбедно отстрането едно неексплодирано средство