Четири противпожарни интервенции на отворено, безбедно отстрането едно неексплодирано средство

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2 026 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 59,38%, а 40,62% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Инаку, вчера имаше 3 159 повици за итни случаи во ЦУК, што беше рекорден број повици на 112 во ЦУК до сега, од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи во нашата држава.

Кон Полиција биле упатени 61,13%, кон Итната медицинска помош 23,59%, a кон пожарникарите 4,32% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 856 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (10,96%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (40,62%). Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Регионалните центри за управување со кризи, покрај известувањата за гаснење случени урбани пожари во населбите, на куќи, објекти, електрични броила, патнички моторни возила вчера, односно во последното деноноќие, известуваат дека имало неколку противпожаени интервенции на отврено.

Конкретно Регионалниот ЦУК Битола, информирта дека ТППЕ Прилеп во период од 15.10 до 16.30 часот, со два пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште помеѓу селата Сенокос и Долнени во Општина Долнени.

Регионалниот ЦУК Тетово, информира дека ТППЕ Тетово во период од 17.00 до 17.10 часот, со два пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубриште кај с.Требош, Општина Желино.

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека депонијата во Делчево сосема малку тлее во внатрешноста, но нема опасност од нејзино проширување. На лице место е едно лице (чувар) вработено во ЈКП „Брегалница“ којшто ја следи состојбата со депонијата.

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје дека во изминатото деноноќие во период од 04:20 до 05:30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило имале уште една помала интервенција на запален контејнер.

НУС – неексплодирано средство е пронајдено во с.Ратево, Општина Берово. РЦУК Штип, известува дека на лице место е излезена екипа од ОВР Берово и лице од ДЗС Беровo коешто безбедно го отстранило неексплодирано средство и го сместило на соодветно место.

Паднати бандери имало на неколку места. Конкретно, било вчера пријавено дека паднале неколку бандери во с.Тркање, Општина Кочани, што го попречуваат сообраќајот извести Регионалниот ЦУК Штип, и дека по пријавата на 112 веднаш екипа од МВР била излезена на терен, а за кратко патот бил расчистен и прооден. Имало пријава за паднати бандери во оризово поле со вода, помеѓу с. Соколарци и с. Жиганци. Од РЦУК Штип биле известени во ЕВН, при што тие се запознаени со ситуацијата и ја исклучиле струјата на потегот помеѓу Соколарци и Жиганци и во текот на вчерашниот ден работеле на нивно санирање.

Најавено е минирање за денеска на локалитетот „Јаболци“ во Општина Сопиште од 08.00 до 16.30 часот.

Претходна вестЗемјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди Кина
Следна вестЦарина заплени 10.618 парчиња фалсификувана облека, часовници „Ролекс“, 37.200 парчиња цигари…