Како тоа никогаш да промашиш, го праша Агаси српскиот ас Ѓоковиќ, а овој одговори…

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, повторно ја воодушевува публиката. Овој пат во егзебициски натпревар пред почетокот на тенискиот грен-слем Ју-Ес Опен.

Имено, вчера Ѓоковиќ одиграл егзибициски дубл меч, во кој му бил партнер на легендарниот Џон Мекинро, а од другата страна на мрежата биле други две легенди – Карлос Алкарас и Андре Агаси.

Публиката уживала во одличните потези на извонредните тенисери. Во еден момент Агаси го прашал Ѓоковиќ:

– Како тоа никогаш да промашиш.

– Се чуствувам подобро пд кога го освоив златото на Олимпијадата, одговорил српскиот ас.

На крајот српско-американскиот тандем победил со 10:8.

Признание за големината на Ѓоковиќ пред целата публика дал и Мекинро:

– Ти благодарам што си дел од овој спорт, порачал тој.

За потсетување, Новак деновиве ќе почне со настап на Ју-ес Опен каде ќе се бори за рекордниот 25-ти грен-слем трофеј.

Претходна вестСДСМ: Дали е точно дека избеганиот Рамадани ја напуштил државата со државно возило без никаква контрола?
Следна вестЛевица: Со поддршката на Гаши, Мицкоски го поттикнува неговото дивеење