Унгарија ќе дели „златни визи“, тоа може да ја налути ЕУ

Од почетокот на следната година Унгарија ќе ги лансира т.н. златни унгарски визи одобрени од владата на премиерот Орбан. Со ова Програма им се возможува на инвеститорите да стекнат десетгодишно право на престој во Унгарија и унгарски пасош – условот е да купат недвижен имот во вредност од најмалку 500.000 евра.

Друга опција е да се инвестираат најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижности издадени од Унгарската народна банка. Третата опција е јавна донација од најмалку еден милион евра.

Оваа програма може да предизвика незадоволство во ЕУ бидејќи не ги исклучува граѓаните на Русија и Белорусија. Од јули оваа година руските и белоруските граѓани може да влезат во ЕУ преку Унгарија како странски работници со национална лична карта, што им овозможува слободно да се движат во шенген.

Претходна вестМиовски во недела ќе дебитира против Атлетико Мадрид
Следна вестАдвокат од Ресен употребил полномоштво од починато лице за да продаде имот вреден 36.000 евра