Уапсен е осомничениот за масакрот на фестивал во Германија

Денеска во утринските часови е уапсено едно лице за кое сведок тврди дека е наводниот извршител на нападот што се случи синоќа во германскиот град Солинген. Синоќа на фестивалот во овој град, маж по случаен избор со нож избодел неколку посетители. Во нападот загинаа три лица, а пет се тешко повредени. Очевидци велат дека сторителот бил маж со арапски изглед, а тој беше во бегство.

Како што дознава германскиот портал Билд, СЕК наводно во раните утрински часови го уапсиле извршителот на нападот. Сведокот изјавил дека младиот човек го познавала од претходно и таа повикала полиција.

Според информациите на БИЛД, напаѓачот моментално е на распит во полиција.

Мажот ги избодел жртвите во врат. Затоа истражителите го класифицираат злосторството како терористички напад.

Претходна вестОсомничениот за убиство репетирал автоматска пушка, бил избеган од „Бардовци“, соопшти полицијата за престрелката во Гајре
Следна вестСообраќајка во Карпош: „Веспа“ удри во три возила, возачот е повреден