„Киа“ што завршила во Вардар „летала“ по булеварот „Кузман Јосифовски“, чудо ги спасило автобусот на ЈСП и други возила од судир

Автомобилот „Киа“, кој утринава заврши во водите на Вардар, се движел со огромна брзина од правецот на Народна банка по булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ и чудо е како не удрил во други возила на крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“. Ова го покажува снимката од незгодата која се појави на социјалната мрежа Икс.

Според тоа што може да се забележи на видеото, возилото наместо да сврти кон мостот „Мајка Тереза“ со голема брзина продолжува право, ја пробива оградата на мостот и завршува во речните води.

Чудо е што нема повредени други учесници во сообраќајот со оглед дека на видеото се гледаат автобус на ЈСП и други возила меѓу кои „прелетува“ автомобилот што е вон контола.

Како што информира МВР, настанот се случил денеска наутро околу 7:23 часот. Со возилото управувал 32-годишен возач со иницијали В. К.

Возачот е пренесен во градската општа болница „8 Септември“ за да му се укаже лекарска помош.

 

Претходна вестСе тепале надвор па продолжиле и во ресенската полициска станица
Следна вестСончево и многу топло