Македонскиот футсал шампион, тимот на Форца успеа да се пласира во елиминациската фаза во Лигата на Шампионите.
Форца до овој историски успех за клубот дојде откако со максимални три победи од три дуели го освои првото мест од А групата во претелеминациите.
Синоќе во последниот меч од групата која се играше во Скопје го совлада црногорскиот шампион Титоград и тоа убедливо со резултат од 8-2.
За потсетување Форца во првиот меч успеа да слави со 4:2 против Блу Меџик од Ирска, а извојува победа и во 2. коло против Ренџерс од Андора со 9:3.