Вкупно седум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила вчера кај Ростуше, мавровско, соопшти полицијата.
МВР информира дека на 24.08.2024 во 21.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар кај с.Ростуше се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Опел“ со италијански регистерски ознаки, управувано од И.И.(35) од с.Требиште и патничко моторно возило „форд“ со скопски регистерски ознаки управувано од Е.С.(21) од гостиварско Велебрдо.
-Во несреќата возачот на патничкото моторно возило „форд“ Е.С. и два малолетни сопатници од патничкото моторно возило „опел“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека возачот на патничкото моторно возило „опел“ И.И и сопатниците А.И. и две малолетни лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се наведува во соопштението.
По насоки на јавен обвинител, увид изврши полициска екипа од ОВР Гостивар.