Се предаде осомничен за „27 април“ кој седум години бил во бегство

По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо, објави Канал 5.

Тој бил баран по меѓународна потерница од страна на МВР за упадот во собранието или во народот познат како случај „27 април“. Осомничен е за злосторничко здружување и загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но Врховниот суд на земјата го одби барањето на Македонија за екстрадиција.

 

Претходна вестДвајца македонски државјани краделе по плажите во Саранда
Следна вестВМРО-ДПМНЕ објави „скандал Бисера Антоанета”: Екс-министерката за култура во Лондон со службена картичка купувала чорапи и хулахопки, плишана мечиња, фудбалски топки..