Вештачката интелигенција (АИ) успеа да го реконструира „лицето на Исус Христос“ од парче ткаенина (Торинската плаштеница) за која некои веруваат дека била користена за да го обвиткаат Исус по неговото распнување.
На оваа идеја доѓле од британскиот Daily Express и со користење вештачка интелигенција решиле да го реконструираат „лицето на Исус Христос“.
Торинската плаштеница со векови ги поделени мислењата, а некои тврдат дека во материјалот може да се види дури и контурите на Христовото лице. Други рутински го отфрлаат како фалсификат, но новата технологија што ја користат италијанските научници сугерира дека ленениот чаршаф од 4,24 метри (14 стапки) можеби всушност датира од времето на Христос.
За прв пат беше претставена на јавноста во 1354 година како ткаенина во која било завиткано телото на Христос по распнувањето. Оттогаш не престана да го привлекува вниманието на историчарите, црковните водачи, скептиците и верниците.