И многубројната публика не помогна: Македонските одбојкари не ја искористија првата шанса за пласман на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација не ја оствари својата зацртаната цел и ја пропушти првата „меч-топка“ за пласман на Европско првнество, бидејќи синоќа прерпе пораз на домашен терен од селекцијата на Грција.

Соседското дерби во салата „Јане Сандански“ во Скопје почна со доминација на македонските одбојкари кои го добија првиот сет со 25:15, но за жал избраниците на Хари Наковски застанаа тука и дозволија пресврт на Грците во продолжение. Едноставно, одбојкарите на јужниот сосед како да ја посакуваа победата повеќе.

Вториот сет го добија со 25:18, а се чини клучен беше третиот сет во кој Македонија се врати од голема негатива, потоа и поведе, за на крајот повторно да го загуби истиот со 25:23.

Во четвртиот сет најзаангажирана, се чини, беше многубројната публика која силно ги бодреше македонките одбојкари, но Грците брзо се одлепија и целосно го контролираа резултатот.

Остварена победа за Македонија ќе значеше сигурен пласман на Европското првенство, но шансите не згаснуваат, нашите одбојкари ќе бркаат такво нешто следната година, кога квалификациите продолжуваат со меч против Грузија во месец јуни

Претходна вестТрамп: Бајден и особено Харис ја водат Америка кон Трета светска војна
Следна вестКонцерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза