На денешен ден пред 23 години Македонија беше шокирана од невидено ѕверство. Терористи од ОНА со динамит ги разнесоа Боге Илиевски (46) и Светислав Трпковски(39), како како и секој ден, го чуваа мотелот „Бриони“ во селото челопек.
На тој 26 август 2001 година рано изутрината се појавиле вооружените терористи од кои ги заробиле стражарите и набрзо ги врзале за столбовите од објектот. Поставиле и многу експлозив – динамит околу целиот објект па и на столбот околу Илиевски и Трпковски.
Безмилосно го активирале експлозивот и ги разнеле и нивните тела и голем дел од мотелот. Роднините, мештаните, македонската полиција и војска кои потоа дојдоа видоа грозоморна глетка – телата беа разнесени и само мали остатоци врзани за столбовите сведочеа за ужасното и свирепо злосторство.
И сето тоа две недели по потпишувањето на Охридскиот договор со којшто заврши војната во Македонија во 2001 година, кога се веруваше дека тој ќе донесе мир и запирање на воениот конфликт, на борбените дејствија. Но, некои водачи на ОНА не сметаа така. Сакаа да ја продолжат војната, да направат уште потешки злосторства.
Кои се тие водачи на ОНА? Кои се свирепите егзекутори?
И сега, 23 години по овој грозоморен настан нема одговор на ова прашање. Сторителите се уште не се отриени. Некаква истрага беше почната, но не доведе до конкретно осомничени лица. Мали се шансите дека тоа некогаш и ќе се дознае. Ова од причина што потоа се донесе и автентичното толкување на Законот за амнестија заедно со останатите три хашки случаи и со што, практично, злосторниците ќе останат неказнети. Со тоа и ова, едно од повеќето монструозни злосторства од војната во 2001 година сторени кога терористичката ОНА се бореше за права ќе помине без праведна казна.
Најблиските роднини на Боге и Свето, кои секоја година го чествуваат овој тажен ден, и понатаму се надеваат дека еден ден правдата ќе победи и конечно ќе се дознаат и осудат виновниците за ова злосторство.