Мицкоски: Актуелната мешовита историска комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ, ќе има промени

Во периодот што следи ќе има кадровски промени во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, актулниот состав на зедничката историска комисија од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси. Негира дека промените имаат политичка позадина.

-Лично ако мене ме прашувате, мислам дека актуелната мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ. Инаку, да – логично е кога имате нова влада да има и промени во одредени институции, не гледам тука зошто би имало политика. Нормално е дека нова влада, нови луѓе коишто управуваат со новата влада, да има и кадровски промени. Не гледам тука што е страшно, изјави Мицкоски, која беше на манифестацијата по повод роденденот на Мајка Тереза.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу С Македонија и Бугарија беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство потпишан на 1 август 2017 година.

Во состав на комисијата се историчари и професори од двете земји. Македонскиот тим го предводи академик д-р Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и професор на Институтот за национална историја (ИНИ) на УКИМ.

Претходна вест„Новости“: Утрово во Белград е уапсен хрватски шпион
Следна вестЛефков: Бисера Антоанета со патниот налог во Министерството доставила и сметки од чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги платила со народни пари