Лефков: Бисера Антоанета со патниот налог во Министерството доставила и сметки од чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги платила со народни пари

Бисера Антоанета со патниот налог до сметкoводство во Министерството за култура ги доставила и сметките кои ги покрила со народни пари, од истите може да се види дека со буџетски пари плаќала чорапи, хулахопки, куфери, мечиња, изјави денеска Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференцијата тој ги покажа и сметките од плаќањата кои потоа ги однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари.

-Ова е сметката за купен куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти. Оваа сметка е доставена лично од Бисера Антоанета до сметководството во Министерството за култура, а ова е нејзиниот потпис на истата. Бисера Антоанета куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари, рече Лефков.

Тој додаде дека од следна сметка, од 219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, се гледа дека Бисера Костадиновска Стојчевска е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023.

-Само да нотираме дека Антоанета се правда со некакви изводи од плаќање од 25, т.е. ден претходно. Чии се сметките од 25-ти воопшто не не интересира. Тема на интерес е тоа што Бисера Антоанета однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошените средства, а тоа се овие сметки со нејзин потпис. Ова е сметката од Gift Galore London, од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football. Бисера Антоанета, на лагите и се кратки нозете“, додава Лефков. Народот, како што вели, може да ги види сметките од твоето трошење со негови пари, сметки кои потоа си ги однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошеното. Имај трпение Антоанета, ова е само почеток утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси, порачува Лефков.

Претходна вестМицкоски: Актуелната мешовита историска комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ, ќе има промени
Следна вестСудскиот совет донесе одлуки за огласи за избор на претседатели на основните судови во седум градови