Пензионерите од Штип, Свети Николе и Кочани бараат оставка од претседателката Здружението на пензионери

Пензионерите од Штип, Кочани и Свети Николе кои со месеци протестираа и бараа линерано покачување на пензиите, повикаа на масовен протест на 3-ти септември во Скопје, на кое ќе побараат оставка од актуелната претседателка на Здружението на пензионери, Станка Трајковска. Телевизијата Сител објави дека пензионерите сметаат дека Трајкова ги изневерила нивните интереси, а пензионерите со минимални примања ги оставила без средства за гола егзистенција.

-Да ја разрешиме госпогата претседател на Здружението на пензионерите, Станка Трајкова, бидејќи таа беше „за“ и сеуште e, за процентуално покачување на пензиите,  а ние сме за линеарно покажување, изјави Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе

Пензионерите додаваат дека со минимална пензија од 13.000 денари не може да се живее.

До Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција поднеле барање за покренување истрага за финаското работење на Здружението. Исто така се сомневаат дека и во многу други општински здруженија на пензионери не се работи според Закон.

Пензионерите ќе побараат и  измени и нови Закони во делот на зголемувањето на пензиите, но и на постапката на кој се бира претседателот на Здружението на пензионери, како и времетраењето на неговиот мандат.

 

Претходна вестНеготинчанец со лажна патна исправа сакал да подигне кредит
Следна вестГаши потврди дека границата со Косово ја минал без контрола, МВР требало да ги прегледа пасошите