Во понеделник, 2. септември, ќе почне продажбата на билетите за натпреварот Македонија – Ерменија (10 септември, 20.45 часот) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје за Лигата на нации (ЛН), објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата интернет страница.
Цената на влезниите ќе изнесува од 200 (Јужна и Источна) и 400 денари (Северна трибина). Влезница за ВИП ложата на северната трибина ќе чини 1.500 денари.
Продажбата на билетите ќе се врши исклучиво преку продажната мрежа на МК тикетс во присуство на купувачите.
Билетарата на арената „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварот, 10 септември, од 10 часот.