Пијан дошол во тетовската болница и натепал доктор

Од тетовската клиничка болница било пријавено дека пациент од село Доброште во алхолизирана состојба дошол во болницата и физички нападнал доктор.

-На 27.08.2024 во 23.00 во СВР Тетово, било пријавено од Клиничка болница Тетово – Брза помош дека Р.К. од тетовско Доброште дошол под дејство на алкохол, агресивно се однесувал и физички го нападнал докторот И.С. (25) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.

Претходна вестПочина новинарот Менде Младеновски
Следна вестПрилепчанец палел ѓубре па предизвикал пожар, добил пријава