Прилепчанец палел ѓубре па предизвикал пожар, добил пријава

Уапсен е 77-годишен прилепчанец, предизвикал пожар палејќи непотребни предмети и ѓубре

МВР информира дека вчера во 11.35 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.П.(77) од Прилеп поради тоа што предизвикал пожар.

Околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп, откако претходно П.П. во двор од својата викендица во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, но огнот се проширил наоколу.

Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. По документирање на настанот, против сторителот ќе следува кривична пријава.

Претходна вестПијан дошол во тетовската болница и натепал доктор
Следна вестМицкоски најавува отворање на телефонска линија за пријавување на корупција