Незаконски бил вработен во МВР полицаецот што шверцувал монети во Косово

Инспекторот од Македонија фатен во Косово за шверц на лажни евро монети во МВР станал инспектор без безбедносен сертификат, пренесува РСЕ.

34 годишниот ресенчанец моментално се наоѓа во притвор во Косово поради сомневање дека изработил околу 2 милиони лажни монети од по 2 евра, кои требало да бидат пуштени во оптек во косовската економија.

Од македонското Министерство за внатрешни работи информирале дека Одделот за внатрешна контрола отворила предмет за неговото вработување.

Претходна вестЛокализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода
Следна вестКостадиновска – Стојчевска: Во Виена претстојував на отворањето на нашата Мултикултурна изложба