Босанец на ГП „Богородица“ сакал да прошверцува 15 Кинези низ Македонија

Синоќа на граничниот премин (ГП) „Богородица“, на излез од Македонија, полицијата го уапсила 38 годишниот Босанец М.А. кој управувал товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои еден малолетник, соопшти денеска МВР.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл. 418-б ст.4, а во врска со ст.2 од КЗ, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.

Претходна вестМНР на Бугарија: И со службена и со редовна влада нема репреговарање на договореното со С. Македонија
Следна вестПолицијата завршува со контролата, па почнува „рикањето“ на мотоциклите