Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, истакна дека неговата држава не смее директно да се вклучи во конфликтот меѓу Русија и Украина. Сепак, тој посочи дека може да му обезбеди на Киев хуманитарна помош и воена опрема.
-Направив се и ќе направам се во иднина за да спречам каква било вмешаност на хрватските војници во војната во Украина на кој било начин, вклучително и учество во центри за обука. Дали некој ќе и даде воена опрема на украинската армија, тоа не е моја надлежност и нема да се мешам во тоа, изјави Милановиќ, пренесе порталот Индекс.хр.
Инаку, претходно, хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ најави дека земјата следната година ќе одвои 66,6 милиони евра за помош за Украина.