Студентите бараат поевтин меѓуградски превоз и ваучери за туризам

Нови барања до државните органи упати денеска Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј“ со цел да се подобри студентскиот стандард.

Во соопштението се наведува дека еден од главните чекори е притискање на државните органи да ги исполнат ветувањата кои висат во воздух со години.

-Покрај досегашните барања за коишто ве информиравме, штотуку поднесовме и две нови, и тоа:

  1. Барање за средба со Александар Николоски, актуелен министер за транспорт и врски со цел претставување на предлози за заеднички активности со цел подобрување на условите за транспорт, особено меѓуградскиот транспорт кој за време на Ковид-19 пандемијата неконтролирано ги крена цените, а тие останаа до ден денес – и фигурираат како уште еден дополнителен висок трошок за студентското тело од кое најголем дел студира и живее надвор од родното место.
  2. Барање за конечно исполнување на ветената мерка за ваучер за туризам. Оваа мерка беше ветена кон крајот на 2023 година и за неа биле предвидени 64 милиони денари, а сѐ уште не е исполнета. Апелиравме што побргу да се оствари, соопштија студентите.
Претходна вестНаместо авиокомпании Владата ќе субвенционира дестинации – ќе се плаќа по патник во доаѓање
Следна вестМаксим Димитриевски плати казна за паркирање – ги пофали тие што го казниле