Без вода дел од Карпош и Бутел

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известувa дека денеска, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Петар Драганов“, „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“, општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект ф 100 мм на ул.Петар Драганов бр.1.

Уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм е причина и за прекинот на водоснабдување за корисниците на улица Љубо Петровиќ 14, во општина Бутел.

Корисниците ќе бидат без вода до санација на дефектите.

Претходна вестНа „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од државата се чека околу половина час
Следна вестНиколовски: Обидот за поткуп е од страна на фирма пријавена на тендерот за пругата за Бугарија