Србија потпиша договор со Франција за купување на 12 нови борбени авиони Рафал во вредност од 2,7 милијарди евра.
Договорот вклучува целосен логистички пакет, резервни мотори и делови за овие повеќенаменски авиони.
Договорот беше потпишан во склоп на посетата на Белград, на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека купувањето на Рафали е јасен избор што ја претставува волјата за долгорочен сојуз меѓу двете земји во рамките на силна, суверена Европска унија.
-Ова ќе придонесе за значително зголемување на оперативните способности на нашата армија, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со Макрон.
Делегациите на Србија и Франција потпишаа дванаесет документи, вклучително и за партнерство и соработка во истражување и експлоатација на критични и стратешки минерални суровини.
Макрон рече дека Србија има место во Европската унија и дека на Унијата и треба силна Србија, а на Србија и треба силна и суверена ЕУ за да ги брани своите интереси.
Тој додаде дека ќе продолжи да покренува иницијативи во рамките на европската политичка заедница во која се почитува и слуша гласот на Србија и го охрабри Белград да ги применува договорите со Косово од Брисел и Охрид, со поддршка за формирање Заедница на српски општини во Косово.