Пелистер се намачи против Црвена Звезда за стартна победа на турнирот во Добој

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер славеше минимална победа над Црвена Звезда од 28-27 на ТВ-турнирот во Добој.

Наспроти фаворитската улога, битолчани се намачија да дојдат до победата низ крајно израмнет натпревар во кој белграѓани имаа и предност од 14-16 на полувремето.

Сепак, со нешто поцврста одбрана „пелистерци“ дојдоа до победа за старт на турнирот.

Најдобар стрелец во победничкот тим беше Филип Кузмановски со девет гола, кој беше и МВП на мечот. Дејан Манасков заврши со седум реализации, пред Ѓорговски со пет гола, а голманот Митревски имаше пет интервенции. Кај Црвена Звезда, Вујишиќ и Давидовиќ постигнаа по пет гола.

Следниот натпревар за Е. Пелистер во Добој е утре (30. август) против Татабања од 21 часот.

Претходна вестСкопскиот Совет ја изгласа Програмата за дополнителни активности на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, ќе биде ли градот почист?
Следна вестЦУК: Еден активен пожар и еден под контрола