Едно лице е тешко повредено во незгодата што се случила вчера во Велес, информира полицијата.
МВР соопшти дека вчера во 08.10 часот во СВР Велес бил пријавен ваков настан.
-На улица „АСНОМ“ во Велес, во близина на бензинска пумпа, при излегување од автобус „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 42-годишниот С.М. од село Горно Оризари, велешко, кој застанал за да излезат патници, 89-годишниот П.К. од Велес паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, извести МВР.