Приведен 55-годишен маж, предизвикал пожар во гостиварско

Предизвикал пожар, полицијата го привела. Имено, вчера во 14.00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода лицето С.Б. (55) од с. Градец, гостиварско.

Тој се сомничи дека на гробиштата во селото Градец предизвикал пожар со палење на сува трева. По целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вест89-годишен велешанец тешко повреден, паднал при излегување од автобус
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Екс-министерката за култура потрошила 846 евра за луксузни вечери во Виена