Малолетник во Кавадарци повреден, врз него паднал метален предмет од рингишпилот

Малолетник се здобил со телесни повреди на рингишпил во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

– Утринава во 00.40 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со В.К.(38) од Прилеп, сопственик на рингишпилот во Кавадарци, по претходно пријавен настан од кавадаречката болница. Според пријавеното, бил донесен малолетник, врз кој, додека бил на рингишпилот во Кавадарци, паднал метален предмет од рингишпилот и малолетникот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во градот, соопштија од СВР Велес.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Екс-министерката за култура потрошила 846 евра за луксузни вечери во Виена
Следна вестМицкоски: Ако има расположение во ЕУ да ни го подотворат европскиот пат, ќе има и начин