„Левица“: ДПМНЕ повторно гласаше против набавка на нови автобуси за Скопје

Уште еднаш, во Советот на Град Скопје, советниците на ДПМНЕ го попречија напредокот на градот и покажаа целосно отсуство на грижа за граѓаните, соопшти денеска „Левица“.

Ова опозициска партија укажува дека и покрај тоа што во повеќе наврати беше предложена и потоа и поддржана од страна на „Левица“ одлуката за набавка на нови еко-автобуси, која е од критично значење за подобрување на јавниот превоз и заштитата на животната средина, таа веќе две години не може да се реализира поради блокадите на ДПМНЕ.

-Со нивната победа на локалните избори, тие го започнаа овој период на невидена стагнација и мизерија, а вчера, уште еднаш, го открија своето саботерско и деструктивно лице. Наместо да работат во интерес на граѓаните и да го поддржат развојот на градот, тие избираат да го попречуваат секој чекор кон напредок. Нивниот лидер ги уверува граѓаните дека ќе ја одблокира работата на градот и Советот, но реалноста е сосема поинаква. Со ваквото однесување, граѓаните повторно се оставени на цедило, без надеж за подобрување на квалитетот на живот во градот. Очигледно е дека ДПМНЕ не е заинтересирана за напредок или благосостојба на луѓето, туку напротив, сака да гледа запалени автобуси низ улиците на градот и луѓе кои се соочуваат со секојдневни потешкотии, потенцираат од „Левица“.

Партијата додава дека бесцелно е да се повикува на совеста на советниците од ДПМНЕ за да се преземе одговорност и конечно да се стави крај на оваа деструкција, со што ќе се обезбеди новиот и современ јавен превоз кој граѓаните го заслужуваат – тие тоа нема да го направат.

-Сега е времето на ДПМНЕ – на манипулации и блокади, наместо вистинска работа во интерес на сите скопјани, наведува „Левица“.

Претходна вестЛафчиски: Пред се, јас сум војник и не би коментирал укази и наредби кои се согласно со закон
Следна вестПочна празнувањето на општината Ѓорче Петров: Филмови, фестивалот „Јаболчиња“, изложба на олд-тајмери…