Негативен природен прираст во вториот квартал

Во второто тримесечје од 2024 година, живородени се 3.840 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 7.2 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2024 година бележи зголемување од 0.3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 4.711 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, односно – 871 лице, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во второто тримесечје од 2024 година, склучени се 2.533 бракови, што претставува намалување за 22.6 отсто во споредба со истиот период од  2023 година.

Во ова тримесечје се добиени 390 извештаи за разведени бракови

Претходна вестДодека возел велосипед му се слошило и паднал по што починал
Следна вестВремето денеска, претпладне сончево, попладне невреме