Сончево со мала облачност и ветер, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер.

Попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

Претходна вестШкендија и Струга ТЛ победија, Вардар очаен пред своите гледачи
Следна вестПандов: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем