Москва го обвини Киев за масовен напад со дронови врз Русија

Руските власти ја обвинија Украина дека рано утрово на 1 септември започнала напади со беспилотни летала насочени кон неколку региони во земјата, вклучително и постројки за електрична енергија и рафинерија во регионите на Москва и Твер.

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, кое го пренесува државната новинска агенција ТАСС, 158 беспилотни летала биле уништени од одбранбени системи на Русија. Министерството на Телеграм објави дека најголем број од дроновите, 122, биле соборени над регионите кои граничат со Украина – Курск, Брјанск, Воронеж и Белгород.

Ваквите руски извештаи засега не може самостојно да се потврдат. Досега нема коментар од Украина за обвинувањата.

Украинските спасувачи гаснат пожар во станбена зграда по ракетниот напад во Харкив, 30 август 2024 г.

Исто така, нападот се случува и по речиси еден месец откако Украина започна офанзива во руската област Курск, додека од другата страна се наведува дека руските трупи напредуваат во источна Украина, особено во регионот на Доњецк.

Киев бара од Вашингтон да ги укине ограничувањата за користење на оружјето кое му го испорачуваат западните сојузници, а со цел да може да го користи за да нападне длабоко во територијата на Русија. Киев тврди дека таквите напади во голема мера ќе ја попречат способноста на Москва да продолжи со нападите врз Украина.

Високите функционери од тимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела беа во Вашингтон, апелирајќи до САД за, како што рече Зеленски, да им се овозможи вистина и целосна заштита на земјата.

Претходна вестЗголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“
Следна вестГоран Петрески повеќе не е тренер на Вардар