Костадиновски: После 33 години Уставен од септември почнува реформа во работењето со новиот Акт

Една од најважните новини, како што вели, е ограничувања и временски рокови за судиите и претседателот на Судот во постапката по предмети.

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Дарко Костадиновски посочува дека Судот во јуни направи голема реформа кога го донесе новиот Акт, со којшто практично е унапредено работењето кое претходно цели 30тина години беше предмет на критики за манипулативност на судии, на претседател на Судот, за компромиси со политиката за сензитивни предмети, за бавноста во постапувањето и одлучувањето.

Една од најважните новини, како што вели, е ограничувања и временски рокови за судиите и претседателот на Судот во постапката по предмети.

-Се предвидува рок за судија известител за поднесување на реферат за седница од 6 месеци, во спротивно да ги образложи причините за пречекорување на рокот. Исто се предвидува рок за претседателот на Судот за доставените реферати да ги изнесе на седница во рок од 30 дена од доставувањето, во спротивно да го извести Судот за пречекорување на рокот. Со оваа битна измена моќта на судијата известител и на претседател на Судот се ограничува, и моќта преминува во Судот, во одлучување на образложенијата од страна на 9 судии. Постапките добиваат цврста временска рамка. И претходно оваа интервенција во Актот ја нареков „антиманипулативна мерка”. Јавно истакнувам дека доследно ќе ги почитувам одредбите од Акот кој стапува на сила од денес (1 септември), истакнува Костадиновски.

Претходна вестЛевица ги повика партиите да ја поддржат интерпелацијата на Гаши, Вреди оцени дека ова е обид за дестабилизација
Следна вестЖена од Кочани пријавила напад од нејзиниот сопруг од кого е во процес на разведување