Две жени ограбени во скопски Аеродром – едната останала без чантата, другата без златниот накит

МВР информира дека вчера попладне во 17.20 часот во СВР Скопје, Е.П.(61) од Скопје пријавила дека околу 16.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит.

Неколку часа подоцна, во 20.10 часот во СВР Скопје, А.Ј.(20) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

Претходна вестЖена од Кочани пријавила напад од нејзиниот сопруг од кого е во процес на разведување
Следна вестЗакани за бомби на аеродромите во Словачка, патниците се евакуирани, полицијата на терен