Закани за бомби на аеродромите во Словачка, патниците се евакуирани, полицијата на терен

Аеродромските згради во Кошице и Попрад во Словачка утрово беа евакуирани поради пријавена закана за бомба, која се покажа дека е лажна.

Аеродромот Попрад-Татри беше првиот што објави за тоа на својата веб-страница.

–На аеродромите во Словачка е пријавена бомба, поради што аеродромот Попрад-Татри во моментов е затворен, патниците се евакуираат, а се проверуваат терминалите и административните области – се наведува во соопштението, пренесува словачкиот портал Aktuality.

Аеродромот Попрад-Татри продолжи да работи по безбедносната проверка.

Поради закана од бомба, евакуирана е и зградата на терминалот на аеродромот во Кошице, а откако било утврдено дека нема опасност, работата продолжила.

Безбедносни мерки беа спроведени и на аеродромот во Братислава.

-Поради дојава за бомба, полицијата изврши пиротехнички претрес на аеродромот без потреба од евакуација на терминалот и ограничување на воздушниот сообраќај – изјави портпаролката на аеродромот во Братислава за ТАСР, Вероника Демовичова.

Претходна вестДве жени ограбени во скопски Аеродром – едната останала без чантата, другата без златниот накит
Следна вестПовреден параглајдирист во Крушево, со хеликоптер се пренесува во болница