Национални шуми ќе продаваат огревни дрва по редовни цени за да се ублажат последиците од пожарите

Јавното претпријатие Национални шуми планира промени во годишните планови за да вклучи сеча на огревни дрва од опожарените површини. Како што најави заменик-директорот Кире Михаилов, дрвната маса од овие површини ќе се продава по редовни цени, а не по пониски како што било практикувано досега. Овој потег има за цел да помогне во ублажување на последиците од големите шумски пожари што ја зафатија земјата ова лето.

-Тие дрва не исчезнаа. Во моментот имаме дрвна маса на опожарените површини која ќе биде наш приоритет за сеча, иако не беше планирана во годишните планови. Сечата на овие дрва ќе се врши по редовна цена, не по намалена како претходно, изјави Михаилов.

Тој го спомена пожарот на Огражден во Струмичко, каде што биле опожарени околу 700 хектари шумска површина со штета од околу 7,5 милиони евра на дрвната маса. Поради тоа, наместо сечата на дрва од Беласица, ќе се фокусираат на Огражден.

-Нашата цел е да ги ублажиме последиците. На Огражден имаме околу 12-13 илјади кубни метри огревно дрво зафатено со пожарот. Наместо пониски, ќе се стремиме да инкасираме околу 5 до 6 милиони евра по нормална цена, додаде Михаилов.

До 1 август, опожарени се околу 60 илјади хектари шуми во земјата, со материјална штета од околу 26 милиони евра на дрвната маса.

Претходна вестТепачка во чекалната во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје
Следна вестМакедонски јунак: Леонид Јанков не се повлече пред 3.000 аскер, им го уби главешината па со последниот куршум се самоуби