За две именувања на претседателката Сиљановска Давкова отворени се предмети во ДКСК

Два месеца трае проверката на ДКСК за именувањето на Ивана Стојановска за заменик директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

Веднаш по именувањето, се објавија информации дека Стојановска не ги исполнува основните услови, а тоа е десетгодишно искуство во областа на безбедноста, одбраната и надворешната политика. Во член 9 од Законот за Агенција за разузнавање наведен е условот заменик директорот на АР да има најмалку 10 години работно искуство од областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика, од кои пет години на раководно место во АР.

Стојановска пред вработувањето во Агенцијата за разузвање (17 октомври 2016 ) била ангажирана во ФОН, на Факултетот за политички науки и меѓународни односи а, во 2007 година е избрана за соработник на Факултетот за информатика (со редоследни избори до 2014) и била ангажирана како асистент по наставен предмет на Факултетот за детективи и безбедност на американскиот универзитет на Европа ФОН. Ова значи дека работниот ангажман на Ивана Стојановска бил во делот на научно-истражувачката работа и информатика.

Претходна вестМакедонски јунак: Леонид Јанков не се повлече пред 3.000 аскер, им го уби главешината па со последниот куршум се самоуби
Следна вестАпел на РСБСП до возачите: Да ја зголемиме безбедноста на децата во сообраќајот