Апел на РСБСП до возачите: Да ја зголемиме безбедноста на децата во сообраќајот

Апел за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот на патиштата, упати денеска Републички совет за безбедност во сообраќајот и на патиштата со честитката за почеток на новата учебна година. Се нагласува дека секој учесник во сообраќајот особено внимателно треба да се однесува во близина на училиштата и градинките.

-Но, не само возачите на моторни возила, во сообраќајот внимателни треба да бидат и децата и нивните родители, соопшти Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

РСБСП препорачува родителите и наставниците да ги запознаваат и почесто да ги потсетуваат децата на основните правила и прописи во сообраќајот заради нивно безбедно учество во сообраќајот на патиштата.

-Децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Императив на сите нас е да ја зголемиме безбедноста на децата во сообраќајот со што ќе ја заштитиме нашата иднина! Децата во сообраќајот најчесто учествуваат како пешаци, но често возат велосипед, тротинет, скејтборд, ролери итн. Тие се најмладите учесници во сообраќајот и наша заедничка најголема грижа. Затоа РСБСП на најмладите учесници во сообраќајот им препорачува: да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да го поминуваат коловозот на обележан пешачки премин, пред да го преминат коловозот, да застанат и да погледнат лево и десно за да се сигурни дека нема возила, да бидат внимателни кога се движат во услови на намалена видливост т.е. дожд и магла (по можност да носат облека во светли бои или рефлектирачко елече), да не користат мобилен телефон или слушалки при преминување на коловозот, да се упатат кон воспитно-образовните установи навремено за да избегнат брзање, трчање и невнимателност во сообраќајот“, се вели во соопштението на РСБСП.

Претходна вестЗа две именувања на претседателката Сиљановска Давкова отворени се предмети во ДКСК
Следна вестСрѓан Захариевски е нов тренер на Вардар