Срѓан Захариевски е нов тренер на Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар по дебаклот против Воска Спорт (1-3) на Националната арена „Тодор Проески“ остана без тренер, откако Горан Петрески и неговите помошници се повлекоа од екипата, но денеска пристигна неговата замена.

Поранешниот тренер на Пелистер, Струга и Воска Спорт, Срѓан Захариевски го наследи кормилото од Петрески и ќе се обиде да ги врати „црвено-црните“ на победнички патеки во Првата лига.

Вардар во моментов има три бода и се наоѓа на делба на последната позиција со Брера Струмица по четири одиграни кола.

Претходна вестАпел на РСБСП до возачите: Да ја зголемиме безбедноста на децата во сообраќајот
Следна вестУчениците влегоа во училиштата, а ќе излезат ли мобилните телефони?