Владата утре ќе ограничи цени на некои училишни производи

Во Владата се прават анализи за ограничување на цените на одредени производи коишто се потребни за почеток на учебната година, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Како што појасни тој, се очекува анализите да бидат готови во текот на денешниот ден, по што веднаш ќе се најде на седница на Владата.

-Мислам дека во текот на денешниот ден таа анализа ќе биде готова и веќе на утрешната редовна седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите коишто се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, односно лимитирање на цените на производите коишто се најпотребни за да имаме успешен старт на учебната година, рече Мицкоски.

Претходна вестПочнува 5. Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“
Следна вестЛичните документи се издаваат во рок од 15 дена