Мицкоски: Барањето за интерпелација за Гаши е незрело и би рекол глупаво однесување

Незрело и глупано е барањето за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, оцените денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој денеска уште еднаш повтори дека нема да ја поддржат интерпелацијата поднесена од „Левица“.

-Јасен е нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ дека ова барење е незрело и би рекол глупаво однесување на СДСМ, ДУИ и „Левица“. Апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши. Имаме голем број аргументи зошто нема да ја поддржиме интерпелацијата. Разликата на водењето на Македонија меѓу оваа Влада и онаа на СДСМ и ДУИ е огромна, надежта дека ќе успееме се чувствува насекаде низ земјава, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на основното училиште Стив Наумов во Општина Гази Баба, по повод почетокот на учебната година.

Интерпелацијата против Гаши е поднесена од „Левица“ и, како што велат оттаму, е заснована на седум точки: повреда на секуларноста на државата, скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје со неговото обезбедување, повреда на употребата на македонскиот јазик, повреда на правилата за употреба на државните инсигнии, неконстатирање на престанок на мандатот на Талат Џафери, патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

На ова незадоволство, потоа, се надоврза и одењето на Гаши со службен автомобил на свадба во Косово при што во придружба без и неколку други возила во кои беа приватни лица, а кои не сите регуларно ја поминале границата на Блаце.

Интерпелацијата е прва точка на дневниот ред на утрешната седница на Собранието.

Претходна вестТешко повредена 60-годишна жена во Скопје
Следна вестЗа Шолц е горчлив успехот на десничарската АФД на регионалните избори