Пензионерите кои протестираа за линераното зголемување на пензиите го одложија утрешниот протест пред зградата на Здружението на пензионери во Скопје, преку кој сакаа да побараат оставка од актуелната претседателка на Здружението, Станка Трајковска.
Трајче Станојков пензионер од Свети Николе вели дека одлагањето на протестот е од различни причини.
-Причината е заради тоа што госпоѓата Станка Трајковска не сака да ги прими групата на пензионери кои се за кај неа да разговараат за линеарното покачување. Се држи на тоа процентуалното покачување е тоа што е и е најавено дека одредени групи на пензионери од разноразни причини го провоцираат протестот, вели Станојков.
Но, и покрај одложувањето на протестот, сепак Станојков е дециден дека не се откажуваат од нивните барања, кои очекуваат во наредниот период да бидат исполнети. Додава дека надлежните институции се на терен и се работи на исполнување на нивните барања