Акција на МВР во Скопје: Приведени седум лица за поседување дрога, дури петмина на Бит Пазар

Вкупно седум лица вчера биле приведени на скопското подрачје поради поседување на дрога, соопшти полицијата. Од нив, пет лица биле приведени на подрачјето на Бит Пазар, а по едно лице во Центар и во Карпош.

МВР соопшти дека поседувањето на марихуана и на бела прашката материја била причина за апсењето на следните лица: В.З.(36) од Скопје, Д.Ѓ.(23) од Скопје, М.Л.О.(18) од Скопје, Ф.И.(29) од Скопје и Ќ.А.(19) од с.Ново Село, тетовско.

На 31.08.2024 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, а истиот ден во Центар со марихуана бил приведен и Д.С.(39) од Скопје.

Претходна вестГрад Скопје им исплати 80 проценти од долгот на приватните превозници
Следна вестСудењето за убиствата на Вања и Панче почнува на 4 септември