ТФТ организира Меморијален турнир во чест на прерано починатиот навивач Тафта

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Mozzart за првпат ќе организира Меморијален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот фан на клубот – Андреј Грковски – Тафта.

На турнирот ќе учествуваат четири екипи, меѓу кои покрај домаќинот ТФТ Скопје, ќе играат Кожув, Работнички и МЗТ Скопје.

-Во чест на нашиот прерано починат фан и пријател Андреј Грковски – Тафта, КК ТФТ за првпат ќе организира меморијален турнир во кошарка кој ќе го носи неговото име. Наша интенција во годините што следат е турнирот да постане традиционален, објавија од клубот.

Натпреварите од првото издание на „Андреј Грковски – Тафта“ ќе се играат во салата „Кале“ во Скопје, на шести и седми септември.

Претходна вест1,7 милиони граѓани извадиле пасош со „Северна“
Следна вестИздаден налог за апсење на лидерот на опозицијата во Венецуела, Едуардо Гонсалес