Сијарто: Има многу лицемерие во ЕУ за проширувањето, членки јавно даваат поддршка, а на состаноците се против

Првиот човек на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, истакна дека е крајно време членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан. Тој тоа го изјави на Бледскиот стратешки форум каде објасни дека ЕУ не може да биде цела, посилна или поотпорна на кризи доколку не ги интегрира земјите од Западен Балкан.

Унгарскиот министер рече дека, за жал, „има многу лицемерие во ЕУ“ кога станува збор за проширувањето, бидејќи повеќето од членките јавно зборуваат за тоа колку го поддржуваат приемот на нови земји, но на состаноците изнесуваат аргументи против тоа.

-Затоа е време членките на ЕУ да бидат јасни и да му дадат поддршка на Западен Балкан на патот кон европската интеграција, порача Сијарто.

Претходна вестЕвропскиот фронт нема да гласа за интерпелација на Гаши
Следна вестДеановски тврди дека дел од академиците им се заканувале на вработените кои штрајкуваат